За нас

Ви благодариме за интересот.

Првиот дуќан за детски играчки бебешка опрема и прибор на брендот Детска Куќа е отворен во 2008 г.
Од тогаш па до денес секој ден правиме се за да го оправдиме нашиот слоган „Со многу насмевки“. Вашите насмевки се доказ за тоа.

Нашата основна цел е да ги задоволиме со услуга, асотиман и квалитет дури и најприбирливите купувачи. За таа цел најпрво нашиот високо обучен персонал е секогаш достапен а асортиманот пак се протега на повеке илјади единици и е од внимателно одбран квалитет како и од докажано најдобри цени. Секоја играчка задолжително при продажба се испробува пред клиентот, за да сме сигурни дека нема да има ни едно разочарано дете. Нивната искрена насмевка ни дава подстрик да продолжиме по патот кој го одиме.

Кај нас ќе најдете се што е неопходно за вашето дете од раѓањето па до тинејџерските години.

На елитана локација Во ТЦ Глобал Струмица на површина од 230м2 ќе најдете разновидни играчки на батерии, музички, логички, рекреативни играчки кои ја потикнуваат моториката на дечињата и желбата за игра во функција на нивниот правилен раст и развој. Исто така во Детска Куќа може да се најдат производи на голем број брендови од детски креветчиња, постелнина во разни дезени, колички за бебиња, седишта, проодувалки, транспортери за бебиња, релаксатори, хранилки, автомобили на акумулатор, велосипеди, трицикли, тротинети и мнооогу други елементи кои со леснотија ќе Ви помогнат во правилното и безбедно одгледување на вашите најмили и ќе Ви овозможат многу скопоцени моменти и насмевки.

Затоа не чекајте! Повелете посетете не во нашиот продажен салон во ТЦ Глобал или уште подобро, посетете ја нашата веб продавница каде се е достапно на само неколку клика.

Со огромно задоволство ќе Ве услужиме.