Како да изберете соодветни играчки според годините на вашето дете?

Играчките мора да бидат безбедни, прилагодени на возраста, но исто така треба и да ги развиваат вештините на детето и да овозможат континуирано учење и истражување. Доколку се прашувате каква играчка да му купите на вашето дете за празниците, по можност да не е скапа, а сепак да е корисна за него и забавна, тогаш погледнете како неговите години диктираат што му е најпотребно за игра.


  • 1-2 години

    Малечките во втората година од животот важни се првите сликовници кои е добро да се изработени од пластифициран материјал, без непотребни детали.
    Дидактичкиот материјал во оваа доба се играчките за туркање и влечење, разни дрвени возила во кои детето може да седне, на нив да додаде различни предмети и притоа да ги вежба движењата.
  • 2-3  години

    Во третата година детето станува сè повешто и бара играчки кои ќе ги задоволат неговите потреби за движење. Детето слика со прстите и си игра со боите, моделира со пластелин и глина. За оваа возраст идеални се играчките поврзани со животинскиот свет, сето она што се турка, како и акустични играчи.




                                   
  • 4-5 години

    Кај малечките кои се една година постари од претходните, моториката е на самиот врв. Низ сите видови игри во таа доба доминира имитативната игра. Омилената играчка за девојчињата е куклата, но и кадифените животни (мечето, најмногу и најчесто). Детето поставува разни прашања гледајќи ги сликовниците и тоа го поттикнува на говорна активност. Секогаш добар избор се коцките за градење, сложуваки, фризерски прибор и опрема, кукли, глина за моделирање, сликовници со краток текст.


  • 6 години

    Кога малечките ќе наполнат шест години, се зголемува интересот за конструктивни игри.
    Шестгодишните деца сакаат различни спортски игри и сѐ повеќе бараат друштво од своите врсници. Ги усвојуваат правилата на игрите, ги почитуваат и се придржуваат до нив.
    Кај девојчињата и понатаму најомилена е куклата, а кај момчињата разни возила и машини. Детето ги употребува со големо внимание ножичките или боите за цртање.